Климатолошка анализа: требаше снег, а следи топло време
Американскиот национален центар за климатски податоци кој функционира во склоп на Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) ги објави климатските податоци за периодот од 30 ноември до 06 декември 2014 година за Европа. Според анализата на картите можеме да заклучиме дека во Македонија во горенаведениот период било надпросечно топло, со температури кои биле 5 до 7 степени повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината но и врнежливо. Количеството на врнежи се движел во интервал од 10 до 100 литри дожд.
Надпросечно топло било во областите кои што се означени со црвенкаста боја на картата. Најтопло во онос на повеќегодишниот просек за овој период од годината било во дел од Балканот и тоа во делови од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Македонија, Грција, како и во северните делови од Скандинавија. Температурно просечен период имале областите со бела боја односно во Шпанија и Португалија, делови од Франција и Велика Британија како и помали области во Германија, Чешка, Полска, Романија, Бугарија, Данска и Шведска. Подпросечни температури во однос на повеќегодишниот просек биле измерени во областите означени со синкаста боја на картата. И тоа во делови од Велика Британија и Франција, Бенелукс, Германија, Данска и во земјите од источна и североисточна Европа.
Што се однесува до количетвото на врнежи во Европа од картата може да се забележи дека најмногу врнежи од дожд (означени со зелена боја) имало во југоисточна Европа, Италија, јужна Франција и на север и североисток од Шпанија. Според анализата на картите можеме да заклучиме дека во Македонија во горенаведениот период било надпросечно топло, со температури кои биле 5 до 7 степени повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината но и врнежливо. Количеството на врнежи се движел во интервал од 10 до 100 литри дожд.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа