Црна Река пред излевање - опасност од поплави
Последните врнежи од дожд го зголемија нивото на Црна Река на критично ниво, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување - Битола. Од таму велат дека високиот водостој на Црна Река и влагата во почвата во Пелагонија предизвикуваат проблеми за есенската сеидба.
Сеидбата на есенските култури е запрена веќе две недели, како и жетвата на пченката во зрно. Општините каде што минува Црна река од Владата ќе бараат средства за чистење на коритото, а се размислува да се изгради и вештачко езеро кај селото Егри.
Оцени ја веста
08.12.2014 - 18:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа