ЕКСКЛУЗИВНО: Демаскирано видеото на ФОКУС со лажните пасоши

МВР завршило со вештачењето на снимката која Фокус ја достави до јавното обвинителство а на која се гледа наводна фабрика за изработка на фалсификувани пасоши за кои неделникот и СДСМ тврдеа дека биле употребени за изборни цели, дознава Пресс24.

Според неофицијалните информации, вештачењето кое е на пат до јавното обвинителство целосно ја демаскира лагата на опозициската апртија и весникот кој настапи во нејзино име.

Полицијата направила проверки на фотографиите и видеото кои се содржани на ЦД-то доставено од ФОКУС. Вештачењето покажало дека фотографиите се изготвени во периодот од  08.09.2014 година од 22часот 37 минути и 28 секунди до 10.09.2014та година во 05 часот 32 минути и 41 секунда.

За потсетување, последните парламентарни измори завршија на 27 април 2014та односно нешто помалку од 5 месеци пред овие снимки да бидат направени.

15те фотографии и видео записот се направени со телефонски аспарат Самсунг ГТИ 9515 а ЦД-то е снимено на 26.11 годинава.

Самите датуми потврдуваат дека тврдењето ан Заев за фалсификување на 200 илјади пасоши со кои се лажирани изборите е целосна небулоза и ноторна лага.

Поилицијата го проверила и матичниот број кој може да се види на една од патните исправи на видеото. Утврдено е дека таков матичен број1704954450054 не постои во регистарот па невозможно е такво лице да стои на некаков избирачки список. Небулозно е да се изготвува лажен пасош за гласање за лице кое не стои во избирачкиот список бидејќи таков матичен број не постои. 

Дополнително МВР утврдило дека лажните пасоши се изготвени крајно дилетантски. Утврдени се грешки и прописти кои не би ги направило лице кое има барем основни познавања од работењето. Утврдено е дека се работи за целосен аматеризам кој исклучително лесно се открива.

Во делот каде е машински читливата зона, има 46 карактери што е спротивно на ИЦАО стандардот согласно кој во таа зона може да има 44 карактери. Погрешен е и бројот на карактери во серискиот број.

Интересно е што видеото до јавното обвинителство за кое ФОКУС јавно и храбро тврдеше дека е нивно, добиено од нивни извор и доставено до јавното обвинителство, обвинителите го добиле со анонимна пријава. Се поставува прашањето зошто ФОКУС јавно стои зад овој материјал а пред обвинителите бара постапката да тече анонимно и дали причината е стравот од отворање на постапка против нив за лажно пријавување.

Врз основа на овие информации, јасно е дека МВР со вештачењето го демаскирало обидот на неделникот и СДСМ за отворање на лажна афера за наводно фалсификување на македонските пасоши во изборни цели.

Јавното обвинителство по добивањето на вештачењето ќе треба да се произнесе дали секаква понатамошна постапка ќе биде отфрлена.

Претходно и министерката за внатрешни работи потенцираше дека досега нема пријава за злоупотреба на макеоднскиот пасош во земјава или во странство а премиерот вчера на годишнината од основањето на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ духовите се потсмеа на обидот на Заев да креира ваква манипулација.

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега