Преоптеретена линијата „Ало докторе“ - досега имало 12557 повици

Од кога започна да работи телефонската линија „Ало докторе“ до сега имало 12557 повици.

Во изминативе 7 дена од 1.12.2014 година до 07.12.2014 година за здравствен совет се јавиле 845 лица.

Јавувањето на граѓаните е од сите градови на Македонија, а за совети се достапни 22 доктори.

На сите лица кои се јавиле на телефонската линија им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчесто јавувањата се за медицинска помош со најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, за покачен крвен притисок, проблеми со покачена телесна температура, кашлица, настинки и симптомна болка.

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега