Тајниот сеф на Маршалот крие нова мистерија

Отворањето на тајниот сеф на Тито, открил нова мистерија-клуч кој се претпоставува дека отвора уште еден таен сеф на Маршалот кој се барал веќе подолго време.

Се верува дека вториот таен сеф крие уште поголемо богатство.

Првиот таен сеф на Тито криел мистериозен сафир кој се претпоставува дека бил на династијата Романови, но со откривањето а клучот се отвора нова приказна.

tito1

-Пронајден е мал клуч во сефот. Сеуште не сме ја пронашле бравата која ја отвора тој клуч, но првично сметаме дека станува збор за уште еден трезор, изјавил извор за Телеграф.рс.

Изворот за Телеграф.рс  додал дека клучот бил пронајден помеѓу предметите кои припаѓале лично на кралот Александар и на Караѓорѓевиќ, како што се табакерата, неговите очила и пари.

Инаку, тајниот сеф на Тито се наоѓа во Народна банка на Србија и е во наследство на семејството Броз и Караѓорѓевиќ.

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега