Тамара Тодевска на свадбата ќе има две старосватици
Пејачката ќе носи гламурозна и уникатна вечнаница, а наместо традицонална свадба со обичаи, ќе организира голема забава на која ќе има многу млади, пишува Вечер.
Тамара Тодевска која неодамна се вери со Aлександар Димитровски Мачка веќе на големо се подготвува за свадбената веселба која што ќе се случи во јуни, идната година, а пејачката решила наместо една, да има дури две старосватици.
- Со оглед на тоа што не можев да се одлучам која од другарките да ми биде старосватица, решив да имам две. Дозволено е и со закон, па така Катерина Ивановска и Александра ќе бидат сведоци на мојата љубов со Мачка, откри Тамара за Вечер.
Во моментов двојката живее заедно во станот на екскошаркарот во Центар.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа