Меѓународен курс за менаџирање со хигиената во услови на катастрофи

 Дирекцијата за заштита и спасување денеска започнува со петдневен меѓународен курс на тема „Вода, санитет и хигиена во катастрофи со урбан контекст“.

Курсот се организира во рамки на тренинг програмата на Иницијативата за превенција и подготвеност за катастрофи на Југоисточна Европа за 2014 година.

Покрај претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, поканети се и претставници од Црвен крст на РМ, Институтот за јавно здравје и Град Скопје, а од земјите од регионот пријавено е учество на лица од Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Турција.

Курсот има за цел јакнење на институционалните капацитети за менаџирање со водата, санитетот и хигиената во услови на катастрофи случени во урбани средини

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега