Какво време не очекува денес?

Периодот на релативно топло време го завршуваме заклучно со денес. Во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време со повремени сончеви периоди. Попладне, најпрво во југоисточните краишта, а потоа и во поголем дел од истокот ќе започнат нови врнежи од дожд. Само на повисоките планински врвови во споменaтиот регион врнежите ќе бидат од снег.

Според прогнозите на Метеопро минималната температура ќе има вредност околу 7° низ котлините, а на повисоките места околу 3°С.
Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 11°С низ поголем дел од котлините. На повиските места каде максималната температура ќе има вредност околу 7°С.

Во скопската котлина се очекува претежно облачно време со услови за повремен слаб дожд во втората половина од денот. Минималната температура ќе има вредност околу 7°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 11°С.

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега