ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да престанат да фабрикуваат лаги и наводни скандали

Во СДСМ владее очигледен хаос. Обидувајќи да излезат од една глупост, тие запаѓаат во нова.

интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

 

Со денешната прес конференција Фросина Ременски го демантираше она што претходно во СДСМ го кажаа. Еднаш велат АФИС системот служи за печатење на пасоши, а сега велат за прибирање на биометриски податоци.  Со ова Потпретседателот на СДСМ Фросина Ременски ги поби тврдењата на партијата СДСМ дека постои фабрика за печатење на пасоши со АФИС систем.

 

Ова покажува со каков тотален дилетантизам и потценување на интелегенцијата на секој просечно паметен човек се служи СДСМ кога се обидува да исконтруира една манипулација.

 

Прво овој систем не е украден, постои само еден и тој го поседува МВР. Тоа е јавно и може да се провери.

 

Второ, од огласот за јавна набавка во кој се барале добавувачи за три лабаратории, избран е само еден добавувач за една лабараторија.  Значи за другите две лабаратории постапката е поништена.

 

Се е чисто и транспарентно и целосно во согласност со законската процедура.

 

Тоа значи дека СДСМ или незнае да чита од информациите на бирото за јавни набавки или намерно манипулира со цел да се покрие од срамната монтажа која се обиде да и ја подметне на јавноста.

Ова се срамни и очајни потези на СДСМ. Фросина Ременски и СДСМ треба да престанат да фабрикуваат лаги и наводни скандали, бидејќи тоа не им поминува во јавноста, а се помалку поминува и кај нивното членство.

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега