„СДСМ нема стратегија па манипулира со филмот Бомба“

И додека го чекаме филмот Бомба кој нели ќе им бил согласно стратегијата, која веројатно како и програмата не им ни постои, сега се во фаза на загревање како што велат па почнаа да снимат филмчиња, едниот се вика - Одам бос по пасошки корици и докажувам со викање дека сум ВМРОвец, така се вика филмот, истакна денес премиерот Никола Груевски кој се обрати на годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски истакна дека ни самите СДСМ, дел од раководството не ја разбираат стратегијата која ја најавуваат, ама им е незгодно гласно да кажат, да не излезат неупатени.

-Ама тоа не е диктатура, ние сме диктатура.Тие се многу фини, и всушност ова со закани, уцени, бомби, бркања од работа од хигиеничарка до директор, како што најави самиот Заев, или до министер, говор на омраза, плукања, закани со убиства и слично, тоа што го прават всушност е за наше добро, за сите, рече Груевски.

Претседателот на Владата истакна дека народот знае, колку и тие, како што рече, да го потценуваат. Народот гледа дека СДСМ не ги интересира државните интереси и граѓаните, туку, подвлече, само тоа како да дојдат до власта, па ако треба и со измислување различни афери и опцијата да работат за туѓи дворови и интереси.

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега