„Дел од новото време, дел од нашето движење“ - конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

 

Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денес се одржа по петнаесетти пат, годинава под мотото „Дел од новото време, дел од нашето движење“.

На конференцијата свое обраќање имаа претседателот на партијата Никола Груевски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова. 

- Денешното време е динамично, полно со искушенија и со препреки. Современата жена на денешното време има повеќе предизвици, пркоси и се бори на секое поле, професионално и приватно. Современата жена треба да биде активна и успешна на работното место, во градењето на кариерата, но и посветена и успешна и во кругот на своето семејство, истакна Груевски. 

Говорејќи што презема Владата, предводена од ВМРО - ДПМНЕ, за намалување и справување со предизвиците, Груевски потсети на зголемувањето на растот во економијата, инвестициите во инфраструктурата... 

Според претседателката Рангелова, во изминатите години во Република Македонија се направени многу значајни чекори за подобрување на општествената улога на жената.

- Не може да се заборави незаменливата улога на жената во семејството, даровите на дружливост, лична чуствителност и нежност со кој е  богат женскиот дух, што се вистинска сила за живот во семејството, рече Рангелова.

Според неа, Унијата на жени особено внимание и натаму ќе посветува на креирање на позитивната популациска свест и совест, ќе разговара со младите брачни двојки за важноста на семејството, со средношколците и студентите за создавање правилен став спрема бракот, семејството, децата, како и за потребата за своето биолошко постоење, создавање свој биолошки подмладок, наследници.

- Врз основа на основните човечки вредности се залагаме за посебна заштита на мајчинството. Ние веруваме дека е непоходно да се стремиме да се постигне следната општествена цел, мајката во семејството да биде занимање, рамноправно на оние надвор од семејството или пак работата во јавните служби, рече Рангелова.

Обраќајќи се на Годишната конференција, најави дека Унијата на жени се залага и ќе се залага за ослободување од јавни давачки на повеќечлените семејства, за поволности во породилното боледување, вештачко оплодување, за здраво партнерство во семејството на еднаква основа.

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега