Јанакиески: Претседателката на Асоцијацијата на архитекти изнесува тврдења без аргументи

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денес реагираше на наводите и тврдењата искажани од страна претседателката на Асоцијацијата на архитекти, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, во интервјуто за Радио Слободна Европа, во кое таа вели дека градбите од Скопје 2014 се неквалитетни и мисли дека тоа многу брзо ќе се види.

Јанакиески вели дека не му е јасно врз база на кои документи претседателката на Асоцијацијата на архитекти утврдила дека градбите во централното градско подрачје се неквалитетни, па ја повика доколку има докази истите да ги достави до надлежните државни органи.

-Дали тоа, според Сања Раѓеновиќ значи дека голем број на надзорни органи и градежни компании кои секој ден контролираат градби и прават анализи во лаборатории се нестручни и работат непрофесионално?  Ако има такви индиции кои се базираат на докази, нека ги достави до надлежните органи, наместо паушално да дава изјави од исклучиво дневно-политички побуди. Ова ме потсетува на еден добро познат политичар, сегашен градоначалник кој пред повеќе години тврдеше дека северната трибина на Арената „Филип Втори“ ќе падне заради неквалитетниот проект... Секако дека, како и во овој случај, времето ќе го покаже квалитетот, но сметам дека госпоѓата Раѓеновиќ, доколку не ги достави доказите, треба барем да се извини за ваквиот начин на оцрнување на голем број нејзини колеги, смета министерот за транспорт и врски.

Јанакиески додава дека е нејано врз снова на кој член Раѓеновиќ-Јовановиќ бара одземање на овастувањата на проектантите за ГТЦ. Министерот смета дека не е ниту професионално ниту етички Асоцијацијата на архитекти да бара Комората да одзема овластувања на свои колеги заради тоа што различно размислуваат од неа.

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа