Честитка од претседателот Иванов по повод утрешниот празник

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед по повод празникот Св. Климент Охридски.

- Одбележувајќи го делото на првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа го прославуваме денот на Свети Климент Охридски творецот на кириличното писмо и основоположникот на македонската писменост. Овој голем светител, целиот свој живот го посветил на просветителската дејност, ширењето на христијанската вера и описменувањето, стои во честитката.

Овој е голем ден, бидејќи, како што е наведено, Свети Климент е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Затоа неговото име го носат многу цркви, институции и училишта како директен наследник на неговата благородна мисија.

- Честитајќи ви го големиот празник сакам да ја искажам мојата цврста увереност дека и во иднина Македонската православна црква ќе продолжи да ја негува свеста за значењето на големиот македонски просветител. Повторувајќи ги моите искрени желби до вас и до сите верници од православна вероисповед, ви посакувам благословени и среќни празнични денови, се вели во честитката на Иванов до г. г. Стефан и православните верници. 

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега