Прва специјализирана ВЕБ страница за лицата со посебни потреби

Лицата со посебни потреби и нивните родители од Македонија и од Бугарија до крајот на годинава ќе ја добијат првата специјализирана ВЕБ страница и првиот заеднички форум за размена на искуства и полесен пристап до информации.

ВЕБ страницата ја изработуваат невладините организации „Бравура кооператива“ од Делчево и „Профилактика здравје“ од Благоевград.

- Основната цел на проектот што се реализира со финансиски средства од Европската унија,е современиот пристап до информации. Децата со посебни потреби и нивните родители имаат потреба, не само од медицинска помош, туку и од социјална и психолошка, а тоа ќе го има  на порталот како опција и услуги, вели д-р Димитар Маникатов од „Профилактика здравје“ од Благоевград.
Проектот, покрај другите цели, треба да ја изгради прекуграничната мрежа за размена на информации и добри практики и да го зајакне капацитетот на организациите што работат во областа на јавното здрвје и со лицата со пречки во развојот, заклучија на заедничката средба во Делчево,претставниците на македонската „Бравура кооператива„ и на бугарската Профилактика здравје. 
 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега