Чудото на Света Петка: Докторите му рекле дека умира, но...
Еднаш бев на работ на смртта, сите ме отпишаа. Во тој момент, сакав само да оздравам, а знаев дека тоа не може да биде освен со помош на Бога“ – го почна својот разговор Миодраг Тодорови.
Бидејќи еднаш бев во многу лоша состојба, посакав да добијам вода од Света Петка. Таа ноќ додека бев во шок собата, лекарите ми рекоа дека веројатноста да умрам е 99 отсто, само еден 1 отсто ми дадоа дека ќе преживеам. Беше 10 часот навечер, а јас цело време размислував за тоа кога ќе дојде некој да му кажам што ми е потребно.
Дојде докторот после некое време, ме праша дали може нешто да ми донесе, нешто што ми е потребно и му побарав вода од Света Петка. Ми кажа:„Добро, ќе ти донесам утре“, на што јас го замолив тоа да го направи вечерта.
„Инаку имав сепса и беше прашање на време кога ќе умрам. Утрото, кога брат ми ми донесе вода помислив:„Сакам да ја испијам оваа вода па нека умрам“. Другиот ден ми беше подобро и состојбата почна да ми се поправа. Во меѓувреме искрено се молев.
Додаде дека редовно, пости од кога знае за себе и неговата ситуација е само уште една потврда дека во Бога е спасот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа