Бизарно: Со штикли избодела маж до смрт

 

44-годишната Ана Лилија Трухијо од Америка е осомничена дека со своите штикли избодела маж до смрт.

Се работи за 59-годишен Американец, а убиството се случило во  луксузниот станбен комплекс во Хјустон, во американската држава Тексас. Според податоците од полицијата жената до смрт го избодела мажот со своите високи потпетици.

Кога полицијата влегла во станот на 18 кат, жената со штиклата им ја отворила вратата и ги пуштила внатре. Таа била единствената која била во станот со жртвата и е единствената осомничена за убиството.

Сеуште не се познати мотивите за убиството.

најчитано сега