Закана за бомба принудно слета авион на американска компанија

 

 Патнички авион на американската авиокомпанија Саутвест ерлајнс принудно слета во Феникс во Аризона по закана за бомба поставена во него.

Имено, непознато лице се јавило на телефон во полицијата за да укаже дека има бомба во авионот.

Патничкиот авион бил следен од два воени авиона. Во авионот кол летал на релација Лос Анџелес – Остин и во кој имало 143 патници не било пронајдено ништо сомнително.

најчитано сега