Уште едно убиство: 23 годишно момче убиено во камп приколка во Велес
Безживотно тело на маж било забележано денес во близина на објектот на Ветеринарната станица во Велес, пишува порталот Дума.мк.
Според првичните сознанија се работи за за момче од село Бузалково на возраст од 23 години. Го открил татко му во камп приколка на плац за дрва во Велес.
Во моментов трае увидот на полицијата. Засега се знае дека станува збор за дваесет и три годишен маж на чие тело во пределот на градниот кош има прострелна рана од оружје.
Оцени ја веста
04.12.2014 - 15:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа