Од понеделник пад на температурите
Пообилни врнежи од утре, а од понеделникпостепено паѓање на температурите и снег на планините, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре, особено во ноќните часови, врнежите од дожд ќе бидат пообилни и наместа ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен. Во сабота локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе има услови за ретки грмежи.
Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет ќе се задржи и во недела и во почетокот на наредната седмица. Од понеделник ќе има постепено паѓање на температурите, а на планините ќе паѓа снег.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа