ВИДЕО: Том Круз за влакно избегна сообраќајка

Том Круз за малку ќе беше удрен од автобус, а сето тоа го сними случаен минувач којшто ја забележал филмската ѕвезда.

Моментално актерот се наоѓа во Лондон, каде што го снима филмот „Невозможна мисија 5“.

Тој брзал низ улиците на британската престолнина и во невнимание сакал да премине улица, кога од едната страна се појавил голем црвен автобус.

За среќа избегната е несреќа, па Том Круз брзо сфати што се случува и се повлече на тротоарот.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа