Шешељ наскоро ќе биде опериран
Војислав Шешељ пред извесно време беше отпуштен од Хашкиот трибунал поради рак на дебелото црево и метастази на панкреасот, па се очекува во текот на наредните денови тој да биде опериран.
- Шешељ е сериозно болен, а приказните дека е здрав и дека не му е ништо се глупости што нема да ги коментирам, без разлика на тоа од кого доаѓаат, изјавил Бојиќ-координатор на петчлениот лекарски тим што го посети Шешељ во Хаг, додавајќи дека биле направени комплетни лабараториски анализи, копмлетни снимања, колоноскопски анализи и скенирања, а се очекуваат уште некои резултати од биопсијата.
- Лекарскиот конзилиум ќе одреди дали веднаш ќе се прави операција на панкреасот со хемотерапија или овие две методи на лекување ќе се комбинираат, вели Бојиќ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа