УХМР предупредува: Доаѓа многу дожд - од понеделник и снег
Под влијание на нов влажен бран, утре попладне ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни (локално над 30л/м2), особено во ноќните часови, јавува Управата за хидрометеролошки работи.
Во сабота локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе има услови за ретки грмежи.
Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет ќе се задржи и во недела, и во почетокот на наредната седмица.
Од понеделник ќе има постепено опаѓање на температурите, а на планините ќе има и врнежи од снег.
Оцени ја веста
04.12.2014 - 12:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа