Малолетник обвинет за тероризам

Петнаесет годишно момче е обвинето од страна на канадската полиција за извршени криминални дела, поврзани со тероризам.

 

Се претпоставува дека тинејџерот извршил грабеж во корист на терористичка група. Полицијата не го открива името на момчето, но соопшти дека тоа веројатно планирало да ја напушти Канада, со цел да се вклучи во терористички активности во странство.

 

Момчето вчера било изведено пред суд во Монтреал.

 

Канадските власти следт 93 лица, за кои сметаат дека се многу опасни и можат да ја напуштат земјата, со цел да се приклучат кон вооружени групи или да извршат напади во Канада.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега