СДСМ му се налути на Груби: Штета што заврши конкурсот во ВМРО-ДПМНЕ!
СДСМ реагираше на изјавата на шефот на кабинетот на Али Ахмети и пратеник во Собранието, Артан Груби, кој денеска на Седницата на мандатно-имунитетната комисија и порача на опозицијата да се врати во Собранието и да не се надева дека освен преку политичка понуда може да се врати на власт на друг начин.
Навистина е штета за пратеникот од ДУИ, Артан Груби, што заврши конкурсот за директор на Центарот за Комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Согласно ставовите и размислувањата што ги презентира Груби во јавноста, тој би бил одличен потенцијал за оваа позиција во ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската СДСМ.
Повеќе за изјавата на Груби прочитајте ТУКА.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа