Охридското Езеро на половина метар под максималното ниво
Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од подрачните одделенија за заштита и спасување во републиката, Ве информира за моменталната состојба со врнежите за ден 02. 12 2014 година:
1.Состојбата е стабилна, нема несакани појави, ниту проблеми со критичните места во РМ засега,
2.Умерено зголемено ниво на вода во Преспанско Езеро,
3.Состојбата со водостојот на реката,,Црна,,кај мз-Бучин е малку покачен но без опасност од излевање
4.Состојбата со вештачките акумулации,,Трстеник-1,,Борино-1 и 3,, и ,,Крушевско езеро,, е стабилна ,-водостојот е малку покачен, но без опасност од излевање
5.Нивото на Охридското Езеро е 693,24 см максимум е 693.75 см т.е повеќе од пола метар од максимумот.
6.Во Кумановскиот регион минатата ноќ паднаа 5,7 l/m2 дожд. Истото не преставува поголема опасност за подигање на водостојот на реките.
7.Но потенцијална опасност преставуваат браните Глажња (капацитет 25.000.000 m3) и Липково, но и низ градот Куманово, до спојувањето со Којнарска река. Истите се блиску до прелив, па затоа Водостопанство „Кумановски Липковски поле“, врши контролирано испуштање на водата, но истовремено и општина Куманово врши прочистување на критичните точки на реката, што негативно влијае врз можниот проток на испуштање на водата. Подрачното одделение во Куманово со години наназад укажува на оваа мерка испуштање на браните, усмено и писмено со Водостопанство Куманово.
(Интегрален текст од соопштение на Дирекцијата за заштита и спасување)
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа