Во Русија пуштен во употреба новиот Национален центар за одбрана
Во Москва почна со работа центар чија цел во мирновременски услови ќе биде следење на заканата за националната безбедност, а во случај на војна преземање на контролата во цела Русија.
Аналитичарите сметаат дека Националниот центар за управување на одбраната по задачи и функционирање на структурата е најсличен на Врховната главна команда од Втората светска војна, во која биле концентрирани сите елементи на управата.
Според „Раша тудеј“, центарот вклучува неколку големи „воени соби“, целосно нов суперкомпјутер, подземни постројки и тајни маршрути за евакуација.
Се проценува дека трошоците за опремување изнесувале неколку милијарди долари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа