ВИДЕО: Куче скокна пред куршум- го даде животот за да спаси детенце
Безбедносните камери го снимиле кучето Ноа, германски овчар, како заминува позади една зграда каде умира, откако од смрт ја спасил својата сопственичка и нејзиното дете.
Кучето Ноа, германски овчар, го даде сопствениот живот за да спаси дете.
Храброто куче било снимено на безбедносна камера како заминува зад една зграда во близина, каде што легнало и умрело.
Додека се возел со неговите сопственици во кола, каде имало и деца, се слушнале пукотници од пиштол.
Без размислување, како што велат сведоците, Ноа ги заштитил најмилите, но за жал, тоа го чинело неговиот живот.
Со својот херојски потег, тој го спасил животот на едно детенце, а денес за него известуваат сите светски медиуми.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа