Се огласи водителот Иван Ивановиќ: Им се извинувам на сите навредени

 

Откако жестоко беше нападнат за невкусната шега која ја направи, контроверзниот водител Иван Ивановиќ јавно се извини.

Тој на својот Твитер профил им се обрати на Босанците:

„Им се извинувам на сите кои ги навреди моето обраќање во петокот. Голем противник сум на војна и насилство. Очигледно не ги познавам доволно случувањата во Босна и Херцеговина“.

За потсетување, Босанците се навредени од вицот кој популарниот водител го кажал во своето шоу во петокот. Ивановиќ рекол дека од 1995 година пораснал бројот на Босанки кои раѓаат пред 15 години и дека „сините шлемови“ ништо не работеле.

На ова претседателката на здружението на „Жени – жртви од војната“ Бакира Хасечиќ изјави:

-Вакви работи пишуваат и кажуваат оние што се од агресорска Србија. Да има суд и судска правда ние во име на здружението би покренале кривична пријава против него. Му порачувам дека 98 проценти од силувањата врз жените ги извршиле припадници на српскиот народ.

Босанските медиуми му замерија на Иван и што е близок пријател со Светлана Ражнатовиќ.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега