Мирослав Илиќ: Алкохол не сум пробал од 1979 година
Кога на едно место ќе се најдат големи музички имиња, односно бардот во фолк музиката Мирослав Илиќ, заедно со неговиот помлад колега Адил Максутовиќ, а ако на сето тоа му претходи македонска музика во интерпретација на Нино Величковски и неговите кумановски тамбураши журката е загарантирана. Така беше и на саботниот концерт во арената "Борис Трајковски" која беше преполнета со публика од сите генерации и тоа од 7 до 77 години, пишува ВЕЧЕР.
Сите пееја и уживаа на концертот кој беше своевиден музички маратон кој траеше скоро четири часа, но за жал Мирослав не успеа да крај да го отпее планираниот репертоар и не како што некои велат дека се појавил во алкохолизирана состојба, туку заради здравствени проблеми.
Колку за потсетување, пејачот во сите негови интервјуа гордо кажува дека одамна се ослободил од тој порок и дека последната чаша алкохол ја испил далечната 1979 година. Тој не пие со години, а на скопскиот концерт толку му било лошо што како во бунило ги отпеал последните песни.
"И се извинувам на целата македонска јавност, што концертот кој без лажни комплименти беше преубав морав да го прекинам малку порано од предвиденото. Жал ми е што не отпеав се што сакав, но жив човек сум и мене може некогаш да ми се слоши. Последните неколку песни ги отпеав како во бунило, не знам како издржав на нозе на сцена", открива за ВЕЧЕР Мирослав Илиќ кој по слегувањето од сцената мораше да прими соодветна терапија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа