ВИДЕО: Фолк пејачот лежи на под додека го прекриваат со пари
Ѕвездата на Гранд Дарко Лазиќ на својот Фејсбук профил сподели видео на кое се гледа како додека тој лежи и пее на една прослава во Виена го прекриваат со пари.
Иако многумина пејачи кријат како заработуваат на слави и забави во странство Лазиќ сам се пофали со својата успешна тезга. Тој за да ги задоволи сите на забавата дури и легнал на маса по што следеше „мрсен“ бакшиш.
Како што се гледа во видеото, Дарко лежи на подот и пее додека гостите го прекриваат со пари.
„Е вака го правиме ние тоа во Виена“, напишал Дарко во описот на видеото и им честиташе на сите кои го славеа Архангел Михаил.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа