Сиријци пробиле неколку светски медиуми

 

 

Сајтовите на неколку водечки светски медиуми беа пробиени од Сириската електронска армија, поддржувачка на претседателот Башар Асадж. Меѓу засегнатите беа сајтови на британските весници “Дејли телеграф”, “Индипендент”, “Ивнинг стандард” и на американскиот “Њујорк дејли њуз”.

Корисниците наидоа на натпис: “Вие сте пробиени од Сириската електронска армија.” Тие биле препратени до логото на групата – орел, носејќи го сириското знаме, и порака на арапски јазик.На Твитер хакер групата напиша: “Среќен Ден на благодарноста, се надеваме не ви недостигаме! А до медиумите: Ве молиме, не се преправајте дека “Исламска држава” се цивили.

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега