Турција мора да има поголема контрола на границата со Сирија

 

 

 

- Се укажува на тоа дека „Исламската држава“, после два месеца воздушни удари, не е ослабена, изјавил сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем Муалем во интервју за телевизиската станица „Ал Мајадин“, со седиште во Бејрут.

Тој смета оти доколку Советот за безбедност на ОН не изврши притисок врз Турција да ја контролира својата граница, тогаш тие акции нема да ја уништат ИД. Медиумите толкуваат дека при тоа мислел на странските џихадисти кои преминале од Сирија во Турција.

Турција, која со Сирија има граница долга 900 километри, ги отфрли обвиненијата дека ги поддржува екстремните исламисти.

Коалицијата предводена од САД, покрена воздушни напади против ИД во Сирија во септември во обид да ја уништи таа организација која освои голем дел од таа земја и од соседен Ирак.

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега