Полицијата уапсила питач - се шокирала од она што го видела

 

Неидентификуваниот 64-годишен маж, некогашен уличен продавач, полициската патрола го запрела вчера во Букан, во акцијата за отстранување на просјаци од улиците на овој северозападен град, пренесува иранската агенција IRNA.

Кога го претресле пронашле 110 милиони ријали (3.370 долари) во неговите џебови. Понатамошната истрага покажала дека човекот имал и две банкарски сметки со по 47.550 долари на нив.

Парите биле конфискувани и ќе бидат искористени за финансирање на локалниот центар за социјална помош.

Минатиот месец, претседателот Хасан Рухани ѝ наложил на полицијата да ги тргне просјаците од улиците и да ги идентификува криминалните мрежи кои управуваат со нив.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 16:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега