Меѓународна конференција за квалитет и безбедност на храната

 

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи Меѓународната конференција за квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам - NUTRICON. 

Коференцијата е во организација на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (ENEDG), Иницијативата за глобална хармонизација (GHI), и Европската асоцијација за хемиски и молекуларни науки (EuCheMS), а е акредитиран од Лекарската Комора на Македонија.

На Конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 150 научници, истражувачи, професионалци, компании, владини и невладини организации, консултанти и индивидуалци кои работат во областите на производство и преработка на храна, квалитет и безбедност на храна, исхрана, здравјето, нутриционизмот, хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии, нови трендови во прехранбената индустрија, од Европа и од целиот свет. 

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега