Косово наскоро ќе има своја војска
Косовскиот министер за одбрана во заминување Агим Чеку изјави дека Косово наскоро ќе има своја војска и оти на првата седница на косовскиот Парламент, по неговото конституирање ќе биде донесена одлука за трансформација на безбедносните сили во вооружени сили на Косово.
- Формализацијата на косовските безбедносни сили во вооружени сили на Косово доцни поради тоа што се уште не е конституирано Собранието. Но верувам дека една од првите одлуки на Парламентот ќе биде формалното прогласување на вооружените сили на Косово, рече Чеку во интервју за весникот „Епока е ре“.
Тој додаде дека цврсто верува во реализацијата на тој проект, бидејќи „станува збор за национален проект, кој е од големо значење за земјата и за граѓаните“.
Тој проект, според него, има мошне широка поддршка и моќни меѓународни сојузници.
На прашањето дали за оваа транформација може да се смета на гласовите на опозицијата, Чеку изјави дека за неа се залагаат сите парламентарни политички партии и оти не очекува никакви проблеми или приговори.
На Косово денеска се одбележува Денот на Косовските безбедносни сили.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа