Кумановчанец го натоварил возилото со мигранти и тргнал на пат
Во текот на вчерашниот ден околу 21 часот и 30 минути на регионалниот пат Дојран-Валандово кај „Дојранска Раскрсница“ од страна на полициски службеници запрено е патничко возило „опел омега“ управувано од страна на 34-годишниот Х.Р. од Слупчане, кумановско, во кое биле пронајдени четворица сириски државјани, кои нелегално престојувале во Македонија.
Возачот и странските државјани се приведени за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Оцени ја веста
26.11.2014 - 12:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа