Роднинте во шок и неверување на погребот на своето дете
Џенифер Гејбл постојано го негувала својот изглед, сакала да се дотерува и да се шминка и особено ја сакала својата долга коса. Но кога таа починала многу млада, нејзиното семејство направило фијаско од нејзиниот погреб...
Имено, Џенифер била родена како машко, но целиот свој живот го поминала обидувајќи се да живее како жена, односно била транссексуалец.
Но кога починала, родителите направиле се што можат за да го погребаат својот син, каков што се родил.
Своето дете тие го облекле во машки облеки, а на посмртницата и објавата за смрт, го пишувало името Џефри Гејбл.
Сите присутни биле шокирани од оваа одлука на родителите, а како што пишуваат странските медиуми, родителите изјавиле дека сакаат детето да си го испратат на оној свет исто како што дошло на овој.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа