"Дунав влечеше на сите страни, се слушаа очајни крици за помош" - детали за несреќата
Додека трчавме кон Дунав се слушаа ужасни и очајни крици за помош. Ништо не се гледаше, само слушавме. Направивме се што можевме. Секој би реагирал вака во ваква ситуација. Вака раскажува што се случило кобниот петок едно од лицата кои ги спасувале момчињата и девојките кои влетаа во Дунав.
Според неговиоте зборови, еден човек влетал во ресторан и панично почнал да вика некој да повика Брза помош бидејќи некој се дави во Дунав. Сите шокирани излегле надвор, и келнерите и гостите и музичарите. Вака раскажува 27-годишниот Владан Џорџевиќ од Панчево кој ги спасувал младите од водите на Дунав.
Владан вели дека сите како жив ланец се држеле за раце и ги влечеле момците и девојките од БМВ-то. - Ништо не се гледаше, само слушавме как викаат за помош. Дунав влечеше на сите страни. Беше страшно, вели тој.
Откако ги спасиле и однеле во ресторанот каде им пружиле помош пред да дојде амбулантното возило, следувала нова агонија. Едно од момчињата почнало да вика дека неговиот другар е во багажникот. За жал, веќе било предоцна да се спаси момчето.
Несреќата се случи во петокот околу 3 часот и 50 минути.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа