Бесими во посета на ЕП и Советот на Европа во Стразбур

 

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, од денеска се наоѓа во посета на Европскиот парламент и на Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Посетата на Бесими се совпаѓа со одржувањето на 12. Мешовит парламентарен  комитет Република Македонија-Европска унија, кој започнува попладнево во Еропскиот парламент и ќе трае до утре напладне.

Вицепремиерот за европинтеграции предвидено е посетата да ја почне со одвоени средби со повеќе европратеници, како Ричард Ховит, Алојз Петрле, Моника Маковеј. Тој утре треба да се сретне со известувачот во ЕП за Република Македонија Иво Вајгл и претседателот на Комисијата за надворешни работи Елмар Брок.

Попладнево Бесими, придружуван од амбасадорот на Реублика Македонија при Советот на Европа Петар Поп Арсов, ќе биде примен од страна на генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд. На оваа средба се очекува да стане збор за заштитата на човековите права и посебно на малцинските права, што подразбира и доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права од сите земји членки на СЕ, меѓу кои и Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега