САД ќе распоредат 150 тенкови и оклопни возила во неколку членки на НАТО
Американската армија планира да распореди околу 150 тенкови и оклопна техника во неколку земји членки на НАТО. Дел од нив ќе бидат сместени во земји од Источна Европа за учество во воени вежби, соопштија француските медиуми, цитирајќи го командантот на американските копнени сили во Европа, генерал Бен Хоџис.
Овој проект е дел од операцијата „Атлантска одлучност“, чија цел е смирување на балтичките земји и Полска, кои се исплашени од активностите на Русија во Украина.
Освен оклопните возила во овие земји на неколку месеци ќе биде испратена и копнена восјка, која ќе учествува во заедничките воени вежби со армиите на овие земји.
- Војниците ќе учествуваат во вежбите по што ќе се вратат, а техниката ќе остане таму, рече Хоџс.
Тој појасни дека оваа одлука е многу поекономична, затоа што при секоја воена вежба тенковите и оклопната техника нема да се транспортираат преку Атлантскиот Океан.
Генералот набрзо ќе ги изготви препораките во однос на начинот на распоредување на тенковите и оклопната техника во земјите од Источна Европа, кои се членки на НАТО.
- Ќе разгледам неколку опции, како на пример разместувањето на опремата на мали целини - за батаљон или за чета, можеби од балтичките земји, Полска, Романија или Бугарија, рече генералот, цитиран од француските меидуми.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа