Најмалку 63 лица убиени во напади на сириските сили во градот Рака
Најмалку 63 лица, од кои половината цивили, беа убиени во напади на сириската авијација врз северниот град Рака, кој е под контрола на групата „Исламска држава“, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Директорот на Центарот Рами Абдел Рахман изјави дека десет воени авиони извршиле најмалку десет напади во Рака.
- Повеќето од нападите беа во источниот дел на градот. Најмалку 36 од убиените се цивили. За останатите се уште не сме сигурни дали се борци, истакна Рахман
Оцени ја веста
26.11.2014 - 09:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа