Има и бетер: Ако возите со 2 промили алкохол во крвта полицијата ви го одзема автомобилот
Српското Министерство за внатрешни работи денеска претстави измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кои е предвидено трајно одземање на автомобилот при драстично непочитување на правилата. Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ нагласи дека целта на тој предлог-закон, кој наскоро ќе се најде пред парламентарците, е заштита на животот на сите учесници во сообраќајот. Според него, одземањето на автомобилот е заштитна мерка и ќе се применува за прекршоци како што е управување без возачка дозвола или управување возило со над два промила алкохол во крвта. Овој предлог-закон доаѓа само неколку дена по трагичната сообраќајка во која три млади лица го загубија животот излетувајќи со нивниот автомобил во реката Дунав.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа