Ќе останат без автомобил ако не почитуваат сообраќајни правила!
Министерство за внатрешни работи на Србија, денеска претстави измени на Законот за безбедност во сообраќајот, со кои е предвидено трајно одземање на автомобилот при драстично непочитување на правилата.
Ресорниот министер Небојша Стефановиќ, нагласи дека целта на тој предлог-закон, кој наскоро ќе се најде пред парламентарците, е заштита на животот на сите учесници во сообраќајот.
Според него, одземањето на автомобилот е заштитна мерка и ќе се применува за прекршоци како што е управување без возачка дозвола или управување возило со над два промила алкохол во крвта.
Оцени ја веста
25.11.2014 - 20:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа