Му побегнал љубовникот на сопругата па го убил неговиот чичко - нови детали за убиството во Злетово

Љубовникот на сопругата на тројниот убиец од Злетово во псоледен момент спасил жива глава. Меѓу соседит во Злетово се коментира дека професионалниот војник Драганчо имал намера да го убие токму него. Целата сцена се случувала пред блиската продавничка. Според неофицијални информации,  чичкото на љубовникот на неговата сопруга е само случајна жртва во страшниот чин.
Имено, љубовникот успеал да побегне кога го видел Драганчо со автоматската пушка. Тоа не му успеало на неговиот чичко кој настрадал од рафалот.
Покрај чичкото на љубовникот, Драганчо ги убил и родителите на својата сопруга. Од кои причини се решил на овој чин, нема информации.
Неговите соседи велат дека тој во својата војничка биографија имал и служба во Авганистан. Зошто и како се нарушиле односите со неговата сопруга со која според неофицијални инфомрации имал започнато бракоразводна парница не се знае.
Минатата година таа го пријавила за семејно насилство. Оваа година Драганчо уште два пати бил пријавуван во полиција поради физички напади врз љубовникотна својата сопруга.
Крвавиот ден го завршил на една бачило во близина на Злетово. Животот си го одзел бесејќи се на дрво.

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега