Каков пенис би избрале жените?

Според најновата студија жените имаат различни критериуми кога се работи за секс без обврски и кога се работи за сериозна врска.

Оваа студија е спроведена на универзитетот Калифорнија, а во неа учествувале 41 жена кои имале задача да погледнат и опипаат селекција од 33 вештачки пениси, изработени од 3Д принтери. Моделите биле со иста боја (сина), но со различни форми – обемот варирал од 6-17 сантиметри, додека должината од 10-21.5 сантиметри.

Од понудените модели, секоја жена морала да покаже кој пенис би го избрала за секс за една вечер, и кој за сериозна врска. Резултатите велат дека кога се работи за кратка секс авантура, она што им е важно на жените е обемот, а не должината. Имено, за во таков случај, испитаничките избирале модел со поголем обем, за разлика од оној што го избирале за серизона врска. Од аспект на должината, немало значајна разлика во изборот – и во двата случаја, жените во просек избрале пениси со должина од околу 10.5 сантиметри.

„Вагината е полна со нервни завршетоци кои се многу чувствителни на притисок и стегање и сосема е можно тие сензори да ги детектираат варијациите во обемот на пенисот, а не толку на должината. Подебелиот пенис го притиска клиторисот поблиску до вагината во текот на половиот однос, а се смета дека тоа им помага на жените да постигнат оргазам. Од друга страна, предолгиот пенис може да предизвика болка во грлото на матката“, вели Шенон Ленг, челникот на истражувањето.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 22:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега