Со години го терал да му робува и работи без плата - ужас во Хрватска
Полицијата привела 62-годишен маж од Риека под сомневање дека држел во ропство свој врсник кој го принудувал да му работи без пари, му ги одземал личнте документи и го терал да живее во нехумани услови.
62-годишниот маж е обвинет за трговија со луѓе.
- Осомничениот од 1996 до ноември 2014 година работно го искористувал хрватскиот државјанин на старост од 62 години. Искористувајќи ја неговата тешка финансиско-материјална состојба 18 години го лажел дека е негов вработен во некативно трговско друштво. За сработеното не му исплаќал финансиски средства ниту пак му плаќал на било каков друг начин. Исто така му ја одзел патната исправа и другите лични документи и го чувал во место каде немало нормални услови за живот, велат од полицијата.
Судењето за ова дело е во тек, а обвинетиот е во притвор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа