Украинскиот крал на гасот Сергеј Курченко доби српско државјанство

 

 

Украинскиот крал на гасот Сергеј Курченко (29), чие богатство се проценува на повеќе стотини милиони евра, а се наоѓа на црната листа на Брисел, доби српско државјанство по забрзана постапка, објави „Блиц“.

- Претпоставуваме дека се очекува Курченко дел од своите милиони да вложи во Србија, бидејќи се наоѓа на седмото место на листата на Форбс за најбогати Украинци. Курченко, кој е руски државјанин, иако е роден во Харков, Украина, српско државјанство по забрзана постапка можеше да добие како странец со привремена работа во Србија, изјави неименуван извор за белградскиот весник.

 

Тој истакна дека најверојатно српското Министерство за енергетика предложило, а Владата прифатила Курченко да добие српско државјанство. 

 

Курченко е на листа на ЕУ на лица од поранешната власт во Украина, кои подлежат на санкции и замрзнување на имотот. Тој по професија е адвокат, а на 19 години имаше 200.000 долари капитал, а неколку години подоцна имотот на неговата фирма се проценуваше на 300 милиони долари.

Курченко по смената на власта во Украина замина во Белорусија, но Минск му откажа гостопримство и тој отпатува за Москва.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега