На дел од бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ утре времен сообраќаен режим

На дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, утре сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставен режим поради изведување градежни активности, соопшти Град Скопје.

Времен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на булеварот, на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“. Од Град Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа