Попоски се сретна со претседавачот на Воениот комитет на ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше средба со претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русије кој се наоѓа во дводневна посета на Република Македонија.

Министерот Попоски, како што соопшти МНР, ја реафирмирал посветеноста на Македонија за придонес во промоцијата на мирот и стабилноста на глобален план преку, како што посочил, конкретно учество во надворешната безбедосна и одбранбена политика на ЕУ.

Во овој контекст, посебен акцент бил ставен на осумгодишното учество на нашата земја во воената операција на ЕУ во Босна и Херцеговина и повторното учество во Борбената група на ЕУ во текот на второто полугодие на 2014 година. Исто така, министерот Попоски го подвлекол придонесот на државата и во операциите предводени од други меѓународни организации (НАТО – ИСАФ во Авганистан и ОН – УНИФИЛ во Либан).

Генералот де Русије ја поздравил посветеноста на Република Македонија за учество во заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, како можност за промоција на нашата земја на меѓународната сцена и продлабочување на соработката со земјите-членки на Унијата на воен и политички план. 

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 13:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега