Берлускони им нуди бесплатни филмски претстави на пензионерите

 

 

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони им нуди на пензионерите во Италија бесплатни попладневни филмски претстави и слободно патување со воз во текот на неделата, доколку неговата партија Форца Италија победи на следните парламентарни избори.

Во отворено писмо во весникот „Месаџеро“, Берлускони (78), кој се наоѓа во болница за хирушка интервенција на едното око, вели дека ако некогаш владејачката партија одново ја освои власта во Италија, пензионерите ќе добијат и бесплатна операција на очниот катаракт и забни транспланти.

Според поранешниот премиер ,победата на Форца Италија на Италијанците ќе им донесе и помали даноци, како и зголемување на пензиите.

Ваквото обраќање на Берлускони претставува обид на остарениот политичар и бизнисмен да ги покрене италијанските пензионери да излезат на гласачките места и да учествуваат во изборите.

Повикот на Берлускони и бројните социјални понуди што им ги нуди на пензионерите и на старите Италијанци, доаѓа по малиот одзив на последните евроизбори во Италија на гласачите во земјата, а посебно по забележителната апстиненција на највозрасните.

На мајските избори за Европскиот парламент, Форца Италија беше трета, зад владејачката левичарска Демократска партија на премиерот Матео Ренци и Движењето „Пет Ѕвезди“.

Берлускни ја издржува казната во еден дом за нега, каде извршува општествено корисна работа, откако беше осуден за неплаќање данок. Пресудата му забранува да има било каква јавна канцеларија, иако е поранешен премиер, па на гласачите овојпат им се обрати преку писмо во весник.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега